Се преговара со откупувачите за новата реколта на тутунот
Цената и нема да дозволиме да биде пониска од годинашната, вели Ристески
За новата производствена реколта на тутунот веќе се почнати преговори со компаниите. Начелно се говори за идните договори, а ќе дојдат на ред и цените. Преокупацијата е за цените и почитувањето на Законот за тутун, вели Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија..
-Преокупација ќе ни биде, секако цената и нема да дозволиме да биде пониска од годинашната. И да се плаќа квалитетот. Ќе бараме целосна примена на законот за тутун, вели Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија.
Според Џемал Назифоски, тутунопроизводител од Крушевско состојбите во производството се задоволителни и тоа ќе опстои.
-Како производител на тутун со 3000 килограми сум задоволен од цената на тутунот, од субвенциите и мислам дека ќе продолжи оваа динамика на одгледувањето тутун. Тоа ќе го зголеми интересот кај младите, вели Назифоски.
Во земјава се преку 20 000 семејства кои се занимаваат со тутунопроизвоство.