fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Се трага по овчар од Градешница – од трлото со овци тргнал дома, по што му се губи трага

Во текот на денот семејството и соселаните го пребарувале теренот и по безуспешната потрага пријавено е во полициска станица во Општина Новаци и потоа во ЦУК Битола.

На ден 23.01.2022 година во 15.40 часот од ЦУК Битола добиена е информација дека во с. Градешница е исчезнат лице со иницијали Т.Д. (77 години) кој од трлото со овци се упатил кон домот во селото Градешница при што му се губи трагата.

Во текот на денот семејството и соселаните го пребарувале теренот и по безуспешната потрага пријавено е во полициска станица во Општина Новаци и потоа во ЦУК Битола. Веднаш по добивањето на дојавата од ЦУК до Дирекцијата за заштита и спасување е мобилизиран тимот за брз одговор за спасување на планини и се упати кон с. Градешница каде по пристигнувањето започна со пребарување на теренот.

Пребарувањето и покрај ноќното време траеше до утринските часови, поради влошување на времето и снежната виулица потрагата е прекината и тимот се повлече. Лицето не беше пронајдено, а потрагата продолжува.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close