Сè уште е неизвесно дали и за кого ќе има помош за плати
Она што може да се забележи е дека нема прецизен одговор за тоа дали и за кого ќе продолжи мерката субвенционирање на плати, иако токму таа е најочекуваната мерка.
Предлогот на петтиот пакет, кој сè уште не е финално дефиниран, содржи околу 20 мерки, кои се таргетирани да ги поддржат најпогодените сектори и граѓани од здравствената и социо-економската криза, со фокус на задржување на ликвидноста на компаниите и спас на работните места, но и да ги стимулираат компаниите да продолжат да се развиваат и растат, изјави вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Бетиќи, по средбата со Незвависната угоститетлска комора.
Пандемијата, официјално се прогласи на 11 март 2020 година, а работодавачите потенцираат дека јануари и февруари и вообичаено се тешки месеци и дека сега, особено им е неопходна помош.
– Нашите извозни компании, главно, се врзани со пазарот во Германија, а таму сега сѐ е затворено, и според очекувањата, таква состојба ќе биде до крајот на февруари. Еве, на пример, текстилните компании сега воопшто и не можат да ги испорачаат нарачките. Извозот е сопрен, затоа што не работат складовите во Германија, па ние дури мора во наши складови да ја чуваме робата што сме ја произвеле согласно нарачките – изјави неодамна за “Слободен печат“, претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија, Ангел Димитров.https://www.slobodenpecat.mk/se-ushte-e-neizvesno-dali-i-za-kogo-ke-ima-pomosh-za-plati/