вестиСоветиТоп вести

Mustang – Вистинско решение за сузбивање на широколисни плевели во житарици и пченка

Mustang е хербицид наменет за сузбивање на широколисни плевели во житарици и пченка со широк спектар  на делување .

Mustang  е комбинација од две  молекули со различен начин на делување кој дава висок квалитет на сузбивање на широколисните плевели.

Предности:

Многу брзо се апсорбира во листот, се шири до точките на растење на плевелот и го запира неговиот развој после првиот ден од апликацијата.

Во житариците се употребува од почетокот на братење до видливо прво колено на житарицата, а во пченка во стадиум од 4 – 5 потполно развиени лисја

 

Првите видливи симптоми се гледаат после 3 – 4 дена од апликацијата а потполно сузбивање на плевелите после 2 – 3 недели (во зависност од температурата и плевелната флора)

Нема ограничување за сеидба за наредната култура Веќе 1 час после примената целосно се апсорбира

Ако сте купиле Mustang и не сте го употребиле во житарици, истиот можете да го искористите во пченка во тековната година.

 

Култура Плевели Доза Време на примена
Озима и пролетна пченица и јачмен дива лобода (Chenopodium album), нивска повивка (Polygonum convolvulus), обична ѕвезденка (Stellaria media), ситноцветна галинсога (Galinsoga parviflora), вртипоп (Anthemis arvensis), полско огнивче (Anagallis arvensis), полска поточница (Myosotis arvensis), персиско велигденче (Veronica persica), камилица (Matricaria chamomilla), лепавец (Galium aparine), глушина (Vicia spp.), амброзија (Ambrosia elatior), паламида (Cirsium arvense), полски слачец (Convolvolus arvensis) 0,4-0,6

l/ha

 

Пченка за зрно и силажа

 

0,5-0,6

l/ha

 

Во стадиум од 4 до потполно развиен 5 лист на пченката

 

Кои совети да се следат со примената ?

 

Се применува како post emergence хербицид, после никнување на културата и плевелите, кога широколисните плевели имаат 2- 6 листа.

Оптималната температура за примена е 8 – 25°C кога растот на растенијата се одвива нормално што овозможува и најдобри услови за апсорбција на хербицидот и негова транслокација до местото на делување.

Во раните фази на примена може да се користат ниски дози (кога плевелите се мали), додека за покасни примени да се користат повисоките дози.

Може да се меша со: хербициди, фунгициди, инсектициди, течни ѓубрива

 

Да не се третираат насадите кои се под стрес (дожд, суша, мраз)

Поради фитотоксичност треба да се спречи занесување на капките на соседните насади.

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close