fbpx
Вести

Се уште не е почната исплатата на земјоделските субвенции

subvencii

Исплатата на заостанатите субвенции за земјоделците  за 2015 год. сеуште не е почната.Ова го потврди министерот за финансии Кирил Миновски откако четири дена се шпекулира дека исплатата е во тек и дека средствата се легнати на сметките на земјоделците.

– Да провериме дали се стигнати налозите во трезор и врз основа на тоа ќе се направат соодветни проверки и ќе се пристапи кон исплата.

Има ли пари во трезорот за 2015?

Трезорот работи на дневна ликвидност, во зависност од тоа ќе се направи планирање на средствата и ќе се исплатат субвенциите, вели минисерот за финансии, Миноски.

Новиот директор на платежната агенција Игор Златков уште од  понеделникот вели дека ги потпишал налозите за заостанатите субвенции и дека исплатата е започната но земјоделците демантираат.За агенцијата МИА тој објаснува дека пари има и дека тие легнуваат на сметките најдоцна ден два по потпишувањето на налозите .Прво ќе се исплатат 3,6 мил.евра а потоа етапно до крајот на април, ќе се доисплатат уште 2,8 мил.евра според налозите кои се чекаат за потпис.

„Не се точни тврдењата дека нема пари во државата. Околу 92 до 93 милиони денари се легнати на сметка на Платежната агенција, административната бариера од аспект на мојата документација е надмината и само во вторник се потпишаа налози за исплата на 224.5 милиони денари.Субвенциите од 2015 год.кои сега ќе се реализираат, не се заборавени исплати, туку се исплати кои биле предмет на контрола“ изјави  Игор Златков директор на Платежна агенција.

Земјоделците од струмичкиот регион за Телма велат дека сметките и денеска им се празни.Вчера најавија дека парите ќе ги чекаат до петок  а од понеделник ќе почнат со двочасовни блокади на подрачните единици на Министерството за земјоделие.


 

телма

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close