Во 30 Европски земји, регистрирани се вкупно 161 235 трактори, што претставува зголемување за 12,8 %, во однос на 2016 година.
На европскиот пазар, минатата година забележано е зголемување на продажбата на трактори со кулминација во декември 2017 година. Од Европската комисија за земјоделска механизација (CEMA), тоа го објаснуваат со новите технички барања за тракторите кои започнаа да се применуваат од оваа година. Барањата се однесуваат на различни аспекти, како на пример во осветлувањето и кочењето, така што сите трактори кои не ги задоволуваат критериумите на новата регулатива, морале да бидат регистрирани или ставени на пазарот, пред тој рок.
Најбарани се тракторите под 50 коњски сили
Според нивните податоци, во 30 европски земји (ЕУ 28 без податоци за Бугарија, Кипар, Малта и Романија, но вклучувајќи ги Босна и Херцеговина, Исланд, Молдавија, Норвешка, Србија, Црна Гора и Швајцарија), минатата година регистрирани се вкупно 161 235 трактори, што претставува зголемување за 12,8% во однос на 2016 година, наведува „Глас Славоније“.
Забележлив е пораст на побарувачката на трактори (38,41%) под 50 коњски сили, додека продажбата над 50 КС останала стабилна (благ пораст од 6,45%) до декември. Во декември, повторно е забележан пораст на продажбата во сите сегменти, освен во сегментот од 100 до 150 КС, чија продажба лесно се намалила.
Според податоците од продажбата во 19 Европски држави, многу пазари, почувствувале пораст на продажбата, со исклучок на финскиот пазар, кој бележи најголем пад на продажбата (10,8% во однос на 2016), потоа литванскиот (-9,8%), шведскиот (-5,1), швајцарскиот (-4,1) и британскиот пазар (-0,7%).
Хрватска рекордер во зголемувањето на продажбата
Рекордер во зголемувањето на продажбата е Хрватска со 91,5 %. Така, минатата година во Хрватска се продадени 854 трактори, што е двојно повеќе од 2016 година, кога се продадени 446 трактори, односно трипати повеќе од 2015 година, кога се продадени околу 278 трактори. Овој тренд во Хрватска и понатаму продолжува, имајќи го предвид фактот дека во првите четири месеци годинава, продадени се 276 трактори.
„Зголемувањето на продажбата на тракторите е резултат на две работи кои се случуваат во Хрватска, од кои на прво место се европските поттикнувања за инвестирање во земјоделството. И кај малите, кај младите и кај големите земјоделци постои многу голем интерес за набавка на трактори и друга механизација, така што побарувачката на одредени тендери кои се отвараат, повеќекратно го надминува бројот на средствата кои се на располагање. Другата, многу важна причина за зголемената продажба на трактори и друга механизација е подобрувањето на приносот и на цената на земјоделските производи, што започна со есенската берба, жетва и вадењето на шеќерната репка во 2016 година, а продолжи во 2017“, вели Фрањо Доминиковиќ, потпретседател на Здружението на продавачи на земјоделска механизација и опрема во Република Хрватска.
После Хрватска, следува Словенија со 27,1%, Данска со 25,1%, а потоа Италија со 23,8.
Џон Дир (John Deere) – најпродаван бренд
Во наведените 19 избрани држави, најпродаван бренд е John Deere со 25 141 продадени примероци, на второ место е New Holland со 20 991 продадени трактори, додека третото место го делат Kubota (13.507) и Fendt (13.367). Во 2017 година, во споредба со 2016, најмногу се зголемила продажбата на Iseki (за 97,9 posto).
Во CEMA, на крајот заклучуваат, дека, пазарот на земјоделски машини, вклучувајќи комбајни, распрскувачи, балирачи и косилки, генерално, имал позитивна година. Според предвидувањата на нивниот барометар, се надеваат дека истиот тренд на понатамошен раст, ќе продолжи во 2018 година.
Погледнете ја табелата со споредбена анализа за досегашниот период:
Движење на Европскиот пазар | ||||
Држава |
2017 |
2016 |
Разлика во проценти |
Три најпродавани брендови |
Австрија | 5416 | 4861 | + 11,4 | Steyr, Lindner, New Holland |
Белгија | 2452 | 2374 | +3,3 | New Holland, John Deere, Fendt |
Бугарија | 1340 | 1222 | +9,7 | John Deere, New Holland, Kubota
|
Чешка | 2232 | 1881 | +18,71 | Zetor, John Deere, New Holland
|
Данска | 1913 | 1529 | +25,1 | New Holland, John Deere, Case IH
|
Финска | 1611 | 1807 | -10,8 | Valtra, John Deere, New Holland
|
Франција | 34 287 | 31 042 | +10,5 | Kubota, John Deere, New Holland
|
Хрватска | 854 | 446 | +91,5 | John Deere, Deutz-Fahr, Lamborghini
|
Италија | 22705 | 18341 | +23,8 | New Holland, Goldoni, Antonio Carraro
|
Литванија | 1456 | 1615 | -9,8 | John Deere, New Holland, Massey Ferguson
|
Норвешка | 3316 | 3085 | +7,5 | Valtra, Massey Ferguson, John Deere
|
Германија | 33695 | 28248 | +19,3 | John Deere, Fendt, Deutz-Fahr
|
Полска | 10850 | 8952 | +21,2 | New Holland, John Deere, Zetor
|
Португалија | 9346 | 8797 | +6,2 | Kubota, New Holland, John Deere
|
Словенија | 1411 | 1110 | +27,1 | New Holland, John Deere, Deutz-Fahr
|
Шпанија | 12 457 | 11 434 | +8,9 | John Deere, New Holland, Kubota
|
Шведска | 3341 | 3520 | -5,1 | John Deere, Valtra, Massey Ferguson
|
Швајцарија | 2378 | 3480 | -4,1 | Fendt, New Holland, John Deere
|
В. Британија | 12 025 | 12 112 | -0,7 | John Deere, New Holland, MF (s Challangerom)
|