fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Моето гориво ме чини помалку!-Зелена Агро Картичка

Целта на нашето постоење не е од животот да извлечеме се што можеме себично  само за себе, туку што повеќе да ги направиме среќни луѓето околу нас!

Од самиот почеток „Зелена берза“ е втемелена на овие вредности. Секогаш за земјоделецот, никогаш само за свој бенефит. Од тие причини покрај многуте услуги кон земјоделците кои несебично ги даваме ја издадовме ЗЕЛЕНА АГРО КАРТИЧКА.

Целта на овој проект е да ја обединиме понудата и побарувачката на суровини, материјали и опрема за земјоделците, но по најповолни ценовни услови. Секако, една од најголемите трошочни ставки во земјоделското производство – горивото, ни беше прва цел, па еве, сега имаме мрежа на бензински пумпи низ цела Македонија во кои презентацијата на Вашата Зелена Агро Картичка значи скоро 4% пониска цена за горивата и многу поголем попуст на палетата производи на бензинските пумпи. Тука се исто така нашите верни соработници, „СИНПЕКС“-Битола, кои дадоа и до 15% попуст на моторните масла како и друга опрема, механизација и трактори. И уште десеттина фирми кои ќе ви дадат попусти на своите производи. Но, овде не застануваме… продолжуваме да бараме и под оваа картичка да ги спојуваме со Вас сите продавачи на суровини, материјали и опрема потребна за успешно земјоделско производство.

Со секоја издадена Зелена Агро Картичка која сега е и официјална членска картичка на „Зелена берза“ исто така добивате маица, симболичен подарок со кој ќе се сеќавате на нашата грижа кон Вас. Секако, нашите поволности најмногу ќе ги почувствуваат Вашиот буџет и Вашиот паричник. Оваа картичка докажува дека ПАРИТЕ МОЖАТ ДА РАСТАТ И ВО ВАШАТА НИВА!

Затоа, приклучете се кон нашето семејство. Тука споделуваме грижа, емпатија, братска љубов и желба да Ве видиме сите успешни и среќни земјоделци. Ние веруваме во Вас, во потенцијалот кој го носите во себе, во Вашата желба и огромна волја да успеете. Веруваме дека Вашиот труд ќе донесе богат род и финансиски плод. Го очекуваме денот кога ќе не повикате да ја објавиме Вашата успешна приказна која ќе стимулира други земјоделци.

А Вие? Верувате ли во нас?

Земете ја нашата ЗЕЛЕНА АГРО КАРТИЧКА и уверете се дека секој мој збор е вистина.

Со ваков однос ќе растеме и ќе се развиваме ЗАЕДНО!

Од земјата и за земјата!

Затоа контактирајте не и подигнете ја својата ЗЕЛЕНА АГРО КАРТИЧКА –

КАРТИЧКА ШТО ШТЕДИ, КАРТИЧКА ШТО ВРЕДИ!

 

Христина Фуна

Главен и одговорен уредник на „Зелена берза“

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close