fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Седмо издание на престижниот вински салон „Винодонија“ во Скопје

Во рамките на салонот ќе можат да се вкусат гастрономски брендови што ќе го потенцираат вкусот на виното, а ќе биде застапена и гурманската традицијата на Слоу Фуд Македонија

Седмото издание на престижниот вински салон „Винодонија“, и годинава во елегантната атмосфера на хотелот „Мериот“ на 8 и 9 декември (петок и сабота), ќе ги израдува сите вљубеници на оваа божја напивка а работното време во двата дена ќе биде од 15- 21.00 часот.
„Винодинија“ стана традиција иако многумина ја нарекуваат- рај за хедонисти, бидејќи ја негува винската страст, промовира добри вина, настан што освен едукативен карактер со години ја потврдува својата цел: подигнување на винската свест и супериорен развој на нашата винска култура.
Организаторите најавуваат настан полн со можности: гостите да дегустираат вина од 80 винарии со импресивна бројка од 600 етикети, нашите уметници-винари ќе ги донесат најдобрите вина, но ова е прилика да се истражат и дегустираат и странските вина кои во последните години се се позастапени кај нас.
 Во рамките на салонот ќе можат да се вкусат гастрономски брендови што ќе го потенцираат вкусот на виното, а ќе биде застапена и гурманската традицијата на Слоу Фуд Македонија.
„Винодонија“ по правило ќе понуди едукативен пристап кон виното: освен дегустации за два дена ќе се случат неколку работилници и мастер класови, ќе се слуша џез.., вистински  конекции во развивањето на винската култура во нашата земја.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close