fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Скокна цената-Колку чини килограм шеќер во Србија?

Србија ја продолжи привремената забрана за извоз на млеко и млечни производи, овој пат до 30 ноември.

Во соседна Србија поскапе шеќерот.

Малопродажната цена на белиот шеќер, во сите пакувања, е 114,99 динари (59,8 денари) за килограм. Дополнително е утврдена и максималната производна цена на овој вид шеќер, во пакувања од 1, 5 и 10 килограми, на 95 динари (48,9 денари) за килограм. Утврдена  е и максималната производна цена на овој вид шеќер, во пакувања од 1, 5 и 10 килограми, на 95 динари (48,9 денари) за килограм.

Уредбата на српската Влада за цената на шеќерот ќе важи до 30 ноември.

„Максималната производна цена на белиот кристален шеќер за сите други пакувања не смее да надмине 104,54 динари (54,6 денари) за килограм“, стои во Уредбата.

Претходната Уредба, ја ограничи цената на кристалниот шеќер на 109,99 динари за килограм, а претходно на крајот на август беше 102,99 динари.

Инаку, Србија ја продолжи привремената забрана за извоз на млеко и млечни производи, овој пат до 30 ноември.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close