fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Шеиците ќе уживаат во македонскиот ајвар и сирења

Се отвара нов пазар за пласман на македонските производи. Македонскиот ајвар, сирења, месо, производи од месо и земјоделски производи ќе се најдат на полиците на најголемиот ланец на хипермаркети во земјите од Блискиот Исток. На овој начин на македонските производители им се дава огромна можност да ги пласираат своите производи на странски пазар и на тој начин да го зголемат производството, да ја подобрат конкурентноста и да остварат поголеми приходи

Македонскиот ајвар, сирења, месо, производи од месо и земјоделски производи ќе се продаваат во најголемиот ланец на хипермаркети на Блискиот Исток и еден од најголемите во Азија. Станува збор за деловна соработка која ја се реалиаира со помош на амбасадоркатата на Република Северна Македонија во Катар, г-а Елма Алторок која потпиша меморандум за соработка со д-р Мохамед Алтхаф, директор на хипермаркетите Лулу (Lulu Hypermarket).
На овој начин ќе го олесни процесот на воспоставување на трговски врски помеѓу потенцијалните добавувачи од нашата држава и хипермаркетите Лулу во Катар, за редовен увоз на производи од нашата земја.
-Иницијативата е дизајнирана за да промовира и изложи широк спектар на традиционални jaдења, производи од Северна Македонија, кои ќе ја приближат уникатната приказна за извонредната македонска кујна и храна. Ние веруваме дека ова е почеток на успешна приказна, која што ќе ни помогне да ги запознаеме граѓаните на Катар и да го промовираме квалитетот на македонска храна на локалниот пазар, нагласи в.д. амбасадорката Алторок.
Директорот на хипермаркетите Лулу, рече дека ова е првата можност за извоз на македонски производи во Катар, како и дека се среќни што на полиците во нивните хипермакети ќе се најдат производи од Северна Македонија.
-Со потпишување на овој меморандум за соработка го започнуваме нашето заедничко патување. Истражуваме се повеќе и повеќе линии на производи. Заедно ќе го прошириме асортиманот на производи и мислам дека ова ќе биде огромен поттик и за Северна Македонија, и за хипермаркетите Лулу како и за Катар во однос на увоз на квалитетни производи, рече тој.
Првите македонски производи што ќе бидат извезени во Катар се овошје и зеленчук, јагнешко месо и месни производи, традиционален македонски ајвар, сорти на сирење и здрави прехрамбени производи.
Лулу хипермаркетите се дел од меѓународната групација Лулу (Lulu Group International), која поседува околу 195 објекти за малопродажба, вработува 57.000 лица, со годишен приход од околу 7,4 милијарди долари.
-На македонските производители им се дава огромна можност да ги пласираат своите производи на странски пазар и на тој начин да го зголемат производството, да ја подобрат конкурентноста и да остварат поголеми приходи и профит. Потпишаниот меморандум за соработка со „Лулу“ ги отвора вратите за македонските производи кои што ќе се продаваат во нивните химермаркети во Катар. Ова е почеток на една успешна приказна која што верувам дека допрва ќе се развива. Нашата држава изобилува со квалитетна кујна и храна којашто заслужува да биде пласирана на странските пазари, напиша на својот фејсбук профил, вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.
Тој смета дека овој чекор не само што ќе донесе бенефиции за домашната економија, туку и ќе ги престави македонски производи на светската мапа, отворајќи нови врати и создавајќи можност за нови потенцијални соработки.

Извор:Вечерпрес.мк

Слични написи

Back to top button
Close