fbpx
ВестиСоветиТоп вести

Сеидба на озими добиточен грашок и граор

Добиточниот грашок и граор се одгледуваат за производство на зелена маса, сено, силажа и сенажа. Сеното од грашокот по квалитет заостанува зад сеното од граорот, затоа подобро е грашокот да се искористи како зелена храна и силажа. Предноста на грашокот над граорот е во тоа што тој, како есенска култура дава поголеми и постабилни приноси на сено. Грашокот е поотпорен на ниски температури.

Озими добиточен грашок Граор

Добиточниот граор и грашок треба да се одгледуваат во плодоред. Најдобри предкултури се оние кои рано се прибираат во текот на летото или рано на есен, како што се стрните жита или хибридна пченка и сончоглед со кратка вегетација.

Основната пбработка на почвата треба да се изврши на исти начин како и за озимите стрни жита на длабочина пд 25-30 см. За квалитетна сеидба потребно е навремено и квалитетно да се изврши пред сеидбената припрема. Почвата треба да е добро иситнета, а покрај тоа и добро израмнета површината за да се создадат услови за полесно и поквалитетно извршување на сеидбата и косењето.

За добивање на висок принос од озимиот добиточен грашок и граор големо влијание има благовременото ѓубрење со минерални ѓубрива и тоа: 40-50 кг/ха. Азот и 60-80 кг/ха Фосфор и Калиум. Најдобро е 2/3 од фосфорот и калиумот да се внесат со основната обработка, а преостанатиот дел заедно со вкупната количина на азот да се внесат пред сеидба.

Оптималниот рок за сеидба на озимиот грашок и граор е последната декада на септември и почетокот на октомври, со што растенијата припремени влегуваат во зимскиот период.

Озимите сорти на добиточен грашок и граор можат да се одгледуваат како чисти посеви или во смеска со стрни жита. Количината на семе за сеидба како чист по0сев изнесува околу 150 кг/ха грашок, и 120 кг/ха граор. До колку се сеат во смеска потребно е на наведените количини во првиот случај да се додаде 30-35 кг/ха житарици, најчесто пченица, јачмен, тритикале, овес или рж. Улогата на житариците е да се намали полегнувањето на посевот, а покрај тоа ваквата смеска претставува добро избалансирана храна кога се во прашање протеините и јаглено хидратите.

Сеидбата се изведува со житна сеалка, на медуредово растојание пд 12,5 см и на длабочина по 4-5 см.

По сеидбата, се препорачува валјање, кпе многу поволно влијае за брзо и изедначено никнење на растенијата. Во дождлива есен и многу влажен сеидбен слој, не треба да се валја.

graorica

Косењето за зелена храна се изведува кога ќе почне формирањето на првите мешумки, а ако е посевот во смеска со житарици, не треба да дојде до нивно класење. Најдобар квалитет на сено, се обезбедува со косење во текот на полно цветање и налевање на долните мешумки, односно класење, но не и цветање на житариците. За правење на силажа, грашокот и граорот се косат во време на полно формирање на мешумки, кога содржината на протеини е најголема. За правење на сенажа грашокот и граорот треба да се косат во фаза на полно цветање-почеток на формирање на мешумките, без разлика на фазата на развој на потпорниот посев.

извор: АПРЗ

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close