Пламеницата пламна на лозјата во тиквешко

(Oвој напис е објавен на: February 26, 2017)

Нестабилното време и честите приврнувања, а преку ден и високите температури овозможија појава на пламеница во лозите насади.

plamenicata plamna na lozjata vo tikveshko

 

Прогнозата од метеоролозите е дека ваквото време ќе продолжи и во наредниот период. Стручњаците предупредуваат дека лозарите мора да бидат внимателни и будно да ја следат состојбата. Потребно е да ја извршуваат заштитата во вистински моменти, за да не се дозволи ширење на болеста.

Лозарите се жалат дека и покрај тоа што ја завршиле заштитата со најскапи и квалитетни заштитни средства пламеница сепак има.

„Во периодот што следи мора внимално да се следи состојбата со пламеницата, но и со пепелницата и гроздовите молци. Сите тие се закана за виновата лоза. Голем е бојот на насади кои се веќе третирани против пламеница, но болеста е напредната и има направено штети. Лозарите е потребно да бараат стручна помош кога и со што да ги извршуваат наредните прскања“ рече проф. Д-р Ристо Вучков.