Агро бизнисВестиМакедонијаРурална ЖенаСоветиТоп вести

СЕКЕ Прилеп информира за препаратите и начинот на третирање на тутунот

СЕКЕ Прилеп ги информира тутунарите дека правилното третирање на тутунот треба да се врши исклучиво со одобрени препарати и според препорачаните упатства за употреба.

  • СЕКЕ Прилеп ги информира тутунарите дека правилното третирање на тутунот треба да се врши исклучиво со одобрени препарати и според препорачаните упатства за употреба.

    За заштита од плевели се препорачува Chlomazone, против штетни инсекти Sivanto Prime, а против болести Rival. Овие препарати се наведени како препорачани за третирање на тутунот во производството.

    Тутунарите треба да ги почитуваат дозите, концентрацијата и времето меѓу прскањето и бербата. Особено важно е препаратите да не се користат произволно и да не се заменуваат со неодобрени или неквалитетни средства.

    СЕКЕ Прилеп предупредува дека непрепорачаните препарати можат сериозно да го нарушат квалитетот на тутунот. Таквите последици подоцна можат да предизвикаат проблеми при откупот, поради што третирањето мора да се прави внимателно и одговорно.

    При прскање треба да се носат ракавици, маска и заштитна облека. Не треба да се јаде и пие за време на третманот, не треба да се прска при ветер, а по третманот тутунарите треба да се измијат.

    Препаратите треба да се чуваат во оригинална амбалажа, на суво и безбедно место, надвор од дофат на деца. Навременото сервисирање и правилното одржување на опремата за прскање е дел од добрата производна практика.
    Агрономите и експертите од СЕКЕ Прилеп се достапни за консултации во секое време.

Поврзани новости

Back to top button