Секоја чест за Енгин Али-15 тони од најслатките лубеници од Канатларци завршија на вашите трпези
Лубениците на Енгин на прилепскиот пазар
15 тони лубеници засега продаде нашиот земјоделец Енгин Али од Канатларци, прилепско. Цели 10 тони лубеници самиот ги продал на прилепскиот пазар, а останатите количини на откупувачи. Енгин вели дека лубеници посадил на површина од 6 декари и дека е задоволен од родот, цената по која тој ги продавал лубениците на пазар е 15 денари за килограм, додека откупувачите на лубеници од на нива му платиле по 6 денари за кг. Разликата е голема, загубата кај земјоделците е видлива, но како што вели Енгин, лубениците брзо стасуваа и не се производи што можат долго да чекаат за продажаба.
Секоја чест за Енгин и неговото семејство, на трудот и посветеноста. Вакви земјоделци и требаат на државата, да ги поддржува и помага, зашто се максимално посветени на производството на храна.
А.Б