fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаМлад земјоделецРурална ЖенаТоп вести

Семејството Јусуфи од Гостивар има 1600 садници со лешник, без ни денар помош од државата

Јусуфи произведуваат од 7.000 до 10.000 кг лешник годишно

Zаменик министерот за земјоделство Флакрон Беџети денска беше во посета на семејството Јусуфи од Гостивар кои имаат насади со лешници.

-Со големо задоволство денеска заедно со В.Д. Валбон Лимани, општински советник Зулфи Адеми, одговоривме на поканата да ја посетиме плантажата за одгледување лешник на семејството Јусуфи од Гостивар.
Целосно приватна инвестиција на ова семејство, без користење на никаква субвенција и помош од надлежните органи.
Овој овоштарник со систем за наводнување, со близу 1.600 садници, на површина од 40.000 м2, кои произведуваат од 7.000 до 10.000 кг лешник годишно изгледа како успешна приказна што треба да биде пример за секој земјоделец во нашата земја.
Ги информирав за мерките што ги нуди Министерството за земјоделство, за поддршка на оваа активност и за програмите финансирани од ИПАРД програмата и Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. Ги повикав да ги следат мерките, јавни објави и да аплицираат за машини за понатамошен развој на оваа активност, објави Беџети.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close