fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Семејството Кичеви го произведува првиот македонски трактор

„Ролан“ е првиот македонски бренд на трактори, целосно произведен во Кавадарци, во фабриката на семејството Кичеви.

Ролан“ е првиот македонски бренд на трактори, целосно произведен во Кавадарци, во фабриката на семејството Кичеви. Семејниот бизнис „МФ Јанаки“ постои веќе три децении. Во него три генерации од семејството се занимавале со сервисирање и репарирање на трактори. Последните две години одлучиле сериозно да го прошират бизнисот и своето знаење да го инвестираат во производство на првиот македонски трактор. Иако им ги забавила активностите, сепак, ниту пандемијата на Ковид 19, што трае речиси цела година, не го поколебала семејството упорно да работи на својот план и да истрае во инвестициите. Резултат на тоа се десетици произведени трактори кои веќе се користат на нашите ниви во сите делови од земјава.

Во 2019 година го направивме прототипот на тракторот што сега го произведуваме и заклучивме дека сме подготвени да стартуваме со производство. Во меѓувреме ја обезбедивме целата документација, прототипот беше тестиран на Машинскиот факултет, Бирото за метеорологија ни издаде број на шасија за да можат купувачите да си ги регистрираат возилата, а во меѓувреме инвестиравме и во нова хала каде го сместивме производството“, вели Наќе Кичев, ексклузивно за Иновативност.

Раскажува дека компанијата ја основал дедо му во 1995 година, кога понудата и побарувачката во областа на резервните делови била на минимално ниво и кога подемот на модернизацијата на авто пазарот на светско ниво земал голем замав. Тие биле меѓу првите во земјава кои што можеле да ги следат тековите и да го задоволат купувачот. Долги години работеле на сервисирање и репарирање на половни трактори и од мала локална продавица ја прошириле дејноста во сервис за продажба и сервисирање на second hand трактори, а сега и на производство
Пишува- Сања Наумовска https://inovativnost.mk/
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close