Семето од лен, корисно за здравјето
Семето од лен содржи безброј корисни материи, меѓу кои витамини, минерали, омега-3 масни киселини и растителни влакна, кои ја нормализираат работата на цревата. Тоа има моќ да ги исфрли токсините од организмот, да го нормализира метаболизмот, да го намали нивото на шеќер во крвта и да го регулира апетитот.
Ова лековито семе апсорбира некои состојки од храната, ги чисти цревата и истовремено го снабдува организмот со лецитин, кој го стимулира метаболирањето на мастите. Тоа е заради омега-3 масните киселини кои ја активираат работата на потните жлезди во телото, помагајќи во топењето на вишокот масти во организмот, па затоа е идеален домашен препарат за слабењее.
Освен за губење на вишокот килограми, одличен е и за одржување на посакуваната телесна тежина. Препорачан е од многу нутриционисти, а корисен е и за луѓе кои патат од гастритис, чир на желудник, хроничен запек и хемороиди. Помага и за лечење на циститис и пиелонефритис.
Начин на подготовка:
Напитокот треба да се подготви еден ден претходно. Пред спиење прелијте 3 лажици ленено семе со еден литар зовриена вода и оставете го да отстои преку ноќ. Најдобро е да користите термос, но доколку немате можете да користите тенџере со капак. Наутро процедете. Би требало да добиете малку густа, желатинозна смеса. Напитокот секогаш се подготвува навечер за да биде свеж утредента. Затоа не правете залихи.
Начин на козумирање:
Конзумирајте по 150 мл од напитокот, 3-4 пати во текот на денот, половина час пред оброк. На ваков начин конзумирајте од напитокот 10 дена, после што треба да направите пауза од 10 дена, а потоа продолжувате така сѐ до постигнување на саканите резултати. На тој начин ќе ја регулирате телесната тежина, а што е најважно, ќе слабеете здраво и сигурно.
Ефектите се индивидуални, но за да се намали телесната тежина потребни се 3-5 вакви третмани.
Овој напиток можете да го конзумирате како појадок и вечера, а за подобар вкус можете да го засладите со мед. Со редовно конзумирање ќе забележите позитивни промени на кожата, која ќе постане поздрава, затегната и еластична. Со овој еликсир, во текот на слабеењето, кожата нема да се опушти, напротив, дури ќе ги растопи масните наслаги на целулитот.
Можни контраиндикации:
Не се препорачува за лица кои имаат сериозно заболување на црниот дроб. Доколку не се работи за сериозно заболување, може да се конзумираат помали количини.
Исто така, ленот активно извлекува песок и камења од бубрег, но тој процес треба да се држи под строга контрола за да не би дошло до сериозни компликации.
Валентина Соколовска
за Зелена берза