
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Серафимовски на средба со откупувачите на пиперки
Министерот Серафимовски укажа на потребата од одговорен пристап, транспарентни услови и доследно почитување на законските обврски од сите учесници во откупот.
Министерот Серафимовски на средба со откупувачите на пиперки! Во рамки на континуираното следење на откупот на пиперката, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски одржа работна средба со претставници на Македонската асоцијација на преработувачи (МАП).
На средбата се разговараше за тековната динамика на откупот, капацитетите за прием и преработка на произведените количини, како и за други прашања поврзани со непречениот тек на целиот процес.
Министерот Серафимовски укажа на потребата од одговорен пристап, транспарентни услови и доследно почитување на законските обврски од сите учесници во откупот.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во рамки на своите надлежности, продолжува непосредно да го следи откупниот процес и да одржува активна комуникација со производителите, откупувачите и преработувачите.




