fbpx
ВестиВкусот на традицијата

Шест овошки кои носат топ заработка

Има шест овошки кои бараат работа, но на крајот носат и добра заработка.

Лешникот е најисплатлива овошка на нашите простори. Ако го засадите, по пет до десет години можете да очекувате профит.

За вишната се потребни 10.000 до 15.000 евра за подигање на насад со најсовремена технологија, а цената скока во бербата и секако се исплати.

Дуњата полн род има по пет години, а се исплати посебно ако од неа се прави квалитетна ракија.

Сливата е идеална да ја одгледуваат млади луѓе, и исто како и претходната овошка може да се користи за производство на ракија.

Петта е црешата, која бара големи вложувања, но нејзината цена секогаш е висока.

За боровница се потребни вложувања од 5.000 евра,  и таа лесно се одгледува. Таа последниве години доживува бум на Балканот.


 

faktor.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close