Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Сеземјоделски протест во Прилеп
Земјоделците денеска излегуваат на предупредувачки, генерален сеземјоделски протест во Прилеп
Земјоделците денеска излегуваат на предупредувачкиот, генерален сеземјоделски протест во Прилеп.
-Протестот не е само за субвенциите и за Ковид-мерките. Протестот е и за зелената такса, протестот е и за продажбата на земјоделско државно земјиште и уште многу други работи се кои ќе се изнесат денеска на самиот протест. Очигледно дека се незадоволни земјоделците и даваат огромна поддршка за организирање на еден ваков протест. И покрај најавата на Министерството дека ќе се извршат исплати, протестот ќе се одржи, вели Игор Мирчески, еден од иницијаторите на престојниот протест.
Земјоделците на протестот го поканија и претседателот на државата Стево Пендаровски, а упатија повик и до пратениците и градоначалници од сите политички партии да ги поддржат во нивните барања.
-Доколку им мислите добро на земјоделците и не ги гледате само како гласачка машина, на Петровден во понеделник 12-07-2021 со почеток од 10 часот од пред ХОТЕЛ ЛИПА вашето место е во Прилеп на Сеземјоделскиот протест заедно со сите земјоделци застанати рамо до рамо, на кој протест ќе дадете поддршка на оние кои ја хранат нацијата и ви обезбедуваат пристојни плати, а во моментов се омаловажени, изневерени и на работ на егзистенција, порачаа организаторите.
И кочанските оризопроизводители ќе се придружат на протестот. Неколку месеци пред новата жетва, половина од оризот сѐ уште е во амбарите, откуп нема, а не е одредена ни добра цена, се пожалија тие.