fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

193 милиони евра за земјоделие следната година. Реформата на субвенционирањето ќе чини 140 милиони евра

Следната година ќе почнат да се градат откупни центри во Ресен и Струмица и агроберза во Скопје.За тоа во буџетот на министерството за земјодлество се планирани 50 милиони евра

Министерството за земјоделство следната година ќе има за 45 милиони евра повисок буџет од годинашниот кој ќе изнесува 193 милиони евра. Само за земјоделската реформа која предвидува нов начин на субвенционирање на земјоделското производство ќе бидат во износ од 140 милиони евра кои ќе бидат реализирани преку Агенцијата за поддршка на земјоделството. Ова беше соопштено на денешната прес-конференција на премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Според премиерот, важно е тоа што земјоделците со новата реформа ќе ги добиваат субвенциите авансно пред почетокот на производството.

– Субвенциите ќе ги добиваат тогаш кога ќе им се најпотребни. Дополнителни субвенции ќе добиваат земјоделците кои ќе произведуваат стратешки култура и оние земјоделци кои ќе произведат финален производ од своето производство. Земјоделците ќе треба да користат лиценцирано семе и ќе мора производите да ги продадат на лиценцирани откупни компании – рече Ковачевски.

Ова, како што рече, премиерот ќе придонесе за производство на храна во земјава.

Ковачевски најави дека следната година ќе почнат да се градат откупни центри во Ресен и Струмица и агроберза во Скопје.За тоа во буџетот на министерството за земјодлество се планирани 50 милиони евра.

Министерот за земјоделство Николовски рече дека ќе се реализираат неколку програми преку кои ќе се финансираат мали семејни фирми на земјоделците, семејни мали винарии и други мали бизниси на земјоделци.

Годинава ќе се вложува и во брани за наводнување во земјоделството, а следната година ќе биде пуштена во работа браната Конско и системот Равен – Речица во полошко.https://plusinfo.mk/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close