вести

Завршни подготовки за пролетна сеидба во Пелагонија

seidba

Земјоделците од битолскиот дел на Пелагонија ги вршат последните подготовки за претстојната пролетна сеидба.

Според Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, годинава со пролетна сеидба ќе бидат опфатени 18.000 хектари.

– Пролетната сеидба не е почната. Во овој период се подготвува почвата. Предвидено е најголем дел од површините да бидат засеани со сончоглед, пченка, фуражна пченка, градинарски култури и тутун. Временските услови се одлични за подготовка на почвата и очекуваме во наредните 5 до 7 дена, со затоплување на времето, да почне засадувањете зашто на тој начин семенскиот материјал подобро ќе поникнува и р’ти, истакна раководителот на Подрачната единица Илија Србиновски.


 

курир.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close