Сезоната на ајвар почна еден месец порано од лани
Годинава климатските услови и топлото време го забрзаа зреењето на црвената пиперка, односно македонската ајварката, поради што и сезоната на откупот почна еден месец порано. Откупните цени на локалните пазари имаат голема разлика.
Сезоната на ајвари почна еден месец порано од лани. На локалните пазари понудата е многу голема, а пиперките ги откупува и конзервната индустрија.
Во деновите кои доаѓаат се очекува да се зголеми побарувачката на зеленчукот за подготовка на зимници, особено на пиперката-ајварка, па земјоделците се надеваат, покрај конзервните фабрики и на добар пласман на тезгите на пазарите.
Во струмичко, во првата недела од септември преработувачите ја откупувале од 14 до 16 денари за килограм,а на пазарот на големо цената била 18, додека на кванташкиот во Скопје ајварката чинела по 20 денари за килограм.
На пазарите на мало, најевтино се нудела во Пробиштип по 23, во Скопје во просек по 30, додека најскапа била на пазарот во Охрид по 40 денари за килограм.