fbpx
Вести

Блокади и на Меџитлија

Грчките земјоделци ги засилуваат блокадите.

Освен на автопатите низ цела Грција, не е исклучена можноста повторно да стигнат и на македонско грчката граница. Постојат најави за блокирање на граничните премини Дојран и Богородица, а според неофицијални информации, блокот на земјоделците од Кукуш се упатува накај Богородица што можеби ќе значи и прекин на протокот на возила.

blokadi i na medzitlija

 

Според одлуката од саботата, блокадите се по 2 часа во текот на денот од 11 до 13 и од 18 до 20 часот по македонско време на низа места низ цела Грција, вклучувајќи гранични премини и автопати. Додека пак, денес, земјоделците ќе одржат нов состанок за да ги одредат нивните следни чекори. Според досегашните изјави и позиции, веројатно е дека само дополнително ќе ги засилат блокадите во следните денови.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close