Агро бизнисВестиТоп вести

Трипуновски – Државното земјоделско земјиште ќе продолжи да се доделува на вистинските земјоделци

Нема да дозволиме злоупотреба на земјоделското земјиште.

Министерот за земјоделие Цветан Трипуновски оствари средба со земјоделците од општина Карбинци, на која разговараа за досегашните преземени чекори во земјоделството и за понатамошниот развој на секторот.
-Посебен акцент беше насочен кон прашањето за водоснабдувањето на овој дел од регионот, кое е клучно за развојот на земјоделското производство.
На жителите им посочив дека државното земјоделско земјиште ќе продолжи да се доделува на вистинските земјоделци – на оние кои работат, вложуваат и придонесуваат кон развојот на македонското земјоделство. Нема да дозволиме злоупотреба на земјоделското земјиште, објави Трипуновски.

Поврзани новости

Back to top button