fbpx
Вести

Штета од милион евра во Долнени

Силното невреме кое го зафати општина Долнени предизвика големи штети. Над 30 куќи се поплавени, околу 500 хектари со тутун и жито, а неколку семејни бизниси се речиси целосно уништени.

shteta od milion evra vo dolneni

 

Поплавата беше предизвикана од излевањето на коритото на реката. Најмногу штети претрпеа жителите на селото Лажани.  Мирсад Црновршин од ова село вели дека и  по 2 дена од поројниот дожд продолжува да ги санира штетите. Најважно е тоа што успеале да излезат од подрумот на куќата кога водата почнала да влезе во нивниот дом, вели Црновршин.

Сопствениците велат дека претрпеле штети од над 150 илјади евра. Исто така оштетени  беа и многу куќи, меѓу кои и куќата на Митко Најдоски од село Лажани.

Според граѓаните, виновна за поплавите е општината и надлежните институции за одржување на реката. Градоначалникот на општина Сандево, Боше Милошевски вели дека ќе побара помош од Владата.

Освен село Лажани штета од поплавите претрпеа и селата, Дебрешти, Житоше, Кошино, Ропотово и Црнилиште. Вкупната шета се проценува дека надминува 1 милион евра. Градоначалникот на општина Долнени апелираше до сите жители од оваа општина, до наредниот петок, штетите да ги пријават во надлежната комисија .

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close