fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаРурална ЖенаТоп вести

Прв женски рурален е-пазар „Наша тезга“

Речиси 54 отсто од жените во руралните средини немаат пристап до информации за можностите и финансиската поддршка што им се нуди, а работат по 11 часа на ден, работа што не е евидентирана и платена, покажуваат податоците на платформата Рурална Коалиција.

Околу 84 проценти од жените во руралните средини за време на пандемијата на коронавирусот се соочиле со намалување на нивните економски приходи од земјоделските активности, а нивните производи и понатаму остануваат непродадени. Речиси 54 отсто од жените во руралните средини немаат пристап до информации за можностите и финансиската поддршка што им се нуди, а работат по 11 часа на ден, работа што не е евидентирана и платена, покажуваат податоците на платформата Рурална Коалиција.

Руралната Коалиција денеска на платформата „Зум“ го лансираше и презентираше првиот женски рурален е-пазар „Наша тезга“.

– Животните приказни на нашите жени од руралните средини, традицијата на нашето домашно производство, палета од локални здрави земјоделски производи и преработки коишто треба да ја полнат трпезата на секој од нас, достапни на виртуелните тезги на првиот женски рурален е-пазар којшто е изграден врз основа на меѓусекторски партнерства што пак значи дека ваквиот пазар е граден низ заедничка соработка на бизнис заедницата, дарителската заедница, индивидуалните граѓани и институциите, велат од платформата.

Поради својата инклузивност е-пазарот „Наша тезга“, важи и за еден од успешните примери и во регионот на Западен Балкан.

Освен продажба на храна, на онлајн пазарот ќе може да се прочитаат и животните приказни на жените и за традицијата на земјоделското производство.

Ова е првата платформа којашто директно придонесува за унапредување на социјално-економската положба на жените од руралните средини.

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close