Вести
Штипјани ќе го добијат најсовремениот пазар
Штип ќе го го добие најсовремениот пазар во Источна Македонија.
Договорот, вреден 120 илјади евра, потписниците, штипското комунално претпријатие Исар и изведувачот, струмичката компанија Евроинжењеринг се обврзаа за два месеци, штипјани да го добијат еден од најфункционалните покриени пазари во Македонија.
На корисна површина од 1.500 метри квадратни ќе бидат поставени уште 240 продажни тезги. Планот пазарот да има и сопствен покриен паркинг простор, ќе се реализира во втората половина од оваа година.