fbpx
Вести

Намален број на тезги на градскиот пазар во Делчево

Половина од тезгите на делчевскиот пазари денес беа празни. Студеното време си го направи своето, но и како што велат дел од пазарџиите, дополнителните давачки кои се дел од новиот закон за вршење на оваа дејност, придонесе за оваа состојба. Празните тезги денес ги изненадија и бугарските државјани кои во сабота се редовни гости во Делчево.

-Дојдовме денес да купиме ориз и некои други производи, но пазарџиите од кои вообичаено купуваме не ги најдовме. Дали поради студеното време или некои други причи не знаеме, но знаеме дека денес во Бугарија ќе си заминеме без дел од производите кои ни беа потребни, вели Јован Виленчев, кој од Софија, денес дојде на пазар во Делчево.

Пазарџиите кои денес беа присутни, се задоволни од присуството на гостите од Бугарија, но коментирајки ја состојбата со новите давачки кои ги очекуваат велат дека заработувачката во иднина ќе им биде ограничена.

-Со некои работи кои се регулирани со новиот закон се сложуваме, тоа ќе воведе поголем ред на пазарот. На пример со новите решенија ќе има поголема контрола врз дивите пазарџии, но од друга страна колку пазарот е попразен толку помалку и муштериите ќе бидат заинтересирани да купат од нашите производи, вели производител од Делчево.

Помалиот број на тезги денес поприлично влијаеше за зголемување на цените на одредени производи кои за 10 денари беа повисоки од вообичаените цени. Меѓу најбараните на пазарот во Делчево денес беа раноградинарските производи како и јужното овошје кое беше најбарано од гостите од соседна Бугарија.

 


 

opserver.mk

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close