fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Истражувaње: Колку дена може да се живее со 1.000 фунти во различни земји во светот

Kаде во светот навистина е најприфатливо, и каде може да се издржи најдолго со одредена сума пари?

Некои земји честопати се сметаат за поскапи или попристапни од другите. Но, каде во светот навистина е најприфатливо, и каде може да се издржи најдолго со одредена сума пари?

 

Во сегашните околности, исклучително е важно да се осигурате дека парите на вашата тековна сметка можат да траат колку што е можно подалеку.

 

Експертите за лични финансии на money.co.uk ги анализираа глобалните цени на живот во развиените земји низ целиот свет, за да откријат каде може да се живее најдолго со 1.000 фунти. Понатаму, просечниот приход на истиот сет на земји е проучуван со цел да се открие каде може да се заработат најбрзо 1.000 фунти. (Илјада британски фунти се околу 1.183 евра, заб.)

Три држави каде што 1.000 фунти траат најдолго

За да се пресмета во кои развиени земји 1.000 фунти ќе траат најдолго, податоците се земени од индексот на трошоците за живот. Индексот на трошоците за живот се формира со користење на голем број фактори за трошоци за живот, како што се намирници, комунални услуги и превоз.

1: Колумбија, 1.000 фунти ќе траат 109 дена

Колумбија е држава каде што 1.000 фунти ќе ви издржат најдолго, вкупно 109 дена. Просечните трошоци за живот дневно во Колумбија се 9,19 фунти (нешто помалку од 10 фунти пониско од светскиот просек од 19,13 фунти). Следствено, 1.000 фунти ќе ви траат подолго овде отколку на кое било друго место.

2: Турција, 1.000 фунти ќе трае 103 дена

Турција е единствената друга земја покрај Колумбија каде што дневните трошоци за живот се под 10 фунти (вкупно 9,72 фунти). Во Турција, четирицифрениот буџет ќе трае просечно 103 дена, и иако е шест дена помалку од Колумбија, речиси е двојно повеќе од глобалниот просек.

3: Казахстан, 1.000 фунти ќе траат 100 дена

Трошоците за живот во Казахстан се 10,10 фунти дневно во просек, што значи дека 1.000 фунти можат да траат 100 дена во оваа централноазиска земја. Овој е вкупо нешто под 10 дена помалку од траењето на 1.000 фунти во Колумбија, но е за 42 дена повеќе од просекот.

https://nezavisen.mk/kolku-vredat-1-000-funti-niz-celiot-svet/

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close