Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Што велите за ваков предлог?-Петок неработен ден за државните службеници како поттик да одгледуваат храна
Петок неработен ден за државните службеници на Шри Ланка како поттик да одгледуваат храна
Шри Ланка им дава на државните службеници уште еден слободен ден во неделата, со цел да ги поттикне да одгледуваат храна, во период кога земјата се соочува со недостиг, јави Би-би-си.
Земјата има околу еден милион вработени во јавниот сектор.
Шри Ланка, островот каде живеат околу 22 милиони луѓе, се соочува со најлошата економска криза во изминатите 70 години.
Владата го одобри предлогот, работниците во јавниот сектор да го имаат петок за слободен ден, наредните три месеци.