fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Шумско стопанство да го поправи патот до манастирот „Карпино“, бараат жителите на околните села

Жителите на селата Сув Ора и Дренак, бараат од Шумско стопанство Куманово и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да помогнат во санирање на патот кон манастирот Карпино, бидејќи нивни камиони го оштетуваат додека изнесуваат дрва.

Се потежок е пристапот до манастирот „Карпино“ и патот до околните села Дренок, Ора и Карадак. Редно е Национални шуми да излезат на терен  и да го санираат, бидејќи тие го оштетуваат со изнесување на дабова шума, а немаат вложено ни денар во патот а камоли во манастирот. Ако не одговорат на нашето барање, можно е да се протестира и да се забрани транспорт на дрва, бидејки тоа не е шумски пат“, велат жителите во барањето кое е доставено до Шумско стопанство.

Жителите на селото Сув Ора и околните села, на почетокот на декември  со помош на ловџиите и планинарите, започнаа со поправка на патот до манастирот Карпино. Со поддршка на Општина Старо Нагоричане, патот го посипуваа со гребен асфалт, кој се вади од магистралниот пат Куманово-Старцин.

Наша цел е да овозможиме полесен пристап до манастирот Карпино. Ние правиме колку што можеме, но ни треба помош и поддршка.  Со полесен пристап до манастирот ќе се создадат услови за поправка на конаците и уредување на целиот комплекс“,  вели Трајче Димитриевски, еден од организаторите на акцијата.https://www.kumanovonews.mk/vesti/sumsko-stopanstvo-da-go-popravi-patot-do-manastirot-karpino-baraat-zitelite-na-okolnite-sela

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close