fbpx
ВестиВино

Исполнети бесцаринските квоти за виното

Македонските винари од 2014 година на европскиот пазар целосно ја исполнуваат бесцаринската квота за извоз на виното во шишиња. Продажбата на наливнотo се одвива без проблеми

ispolneti bescarinskite kvoti za vinoto

 

Македонските винарски визби и годинава успешно ги исполнуваат квотите за извоз на западноевропските и на другите пазари во светот.

Две години по ред целосно се искористуваат договорените безцарински количества за продажба во Европската Унија.

По склучувањето на Протоколот во 2001 година, македонското вино во целост се продаваше единствено како наливно, а извозот на флашираното беше минимален и безначаен.

До крајот на мај годинава е забележано зголемување на извозот на виното во шишиња за 7 проценти, а на наливното за 47 отсто.

Квотата за флашираното вино е 91.000 хекто литри, а за наливното скоро 40 милиони литри годишно.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close