fbpx
Вести

Силен ветер во Пелагонија

Ветер во Пелагонија и Штип со брзина до 97 километри на час


Во Македонија утринава е облачно, а во западните делови има врнежи од дожд кои локално се пообилни. Дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, но во Пелагонија и Штипскиот регион е позасилен. Во Битола ветерот достигнува брзина до 54 километри на час, а во Штип од 86 до 97 километри на час.

Најмногу дожд до 8 часот наврнал во Пожаране – 11 литри на метар квадратен, а најмалку во Претор, Крушево, Тополчани и Охрид само еден литар на метар квадратен.

Најстудено утринава е во Берово каде се измерени -4 степени, а најтопло е во Демир Капија со минимална температура од 8 степени. Во Струмица, Ѓуриште, Пожаране и Крива Паланка измерени се -1 степен, во Штип, Скопје, Тетово и Куманово нула степени, во Прилеп, Виница и Битола 1 степен, во Гевгелија, Маврово, Крушево и Лазарополе 2, во Тополчани 3, во Охрид и Дојран 4, во Претор 6 и во Дебар 7 степени.

Снежна покривка сеуште има во Ѓуриште, Крива Паланка, Крушево и Берово.

Во текот на денот ќе биде претежно облачно, а во западните делови ќе има врнежи од дожд, кои на крајниот запад ќе бидат обилни. Ќе дува засилен јужен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 10 до 16 степени.

Во Скопје ќе биде облачно и релативно топло со врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува засилен јужен ветер. Највисоката температура ќе достигне до 10 степени.

Облачното време со дожд ќе се задржи и утре кога на повеќе места ќе има обилни врнежи од дожд, особено во западните и источните делови. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Во сабота во источните делови ќе има обилни врнежи од дожд и услови за појава на грмежи. Снег ќе има само на високите планини.

Од целиот влажен бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 л/м2, а во крајните западни делови локално и до околу 100л/м2 дожд. Во недела и понеделник врнежите ќе бидат локални, а температурите ќе бидат во опаѓање.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close