fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Симулациска вежба за искоренување на болеста чума кај мали преживари

Агенцијата за храна и ветеринарство  во соработка со проектот „Регионална акција на ЕУ за искоренување на болести кај животните во Западен Балкан“ денеска и утре во Велес, ќе одржи симулациска вежба за искоренување на болеста чума кај мали преживари.

Како што соопштија од АХВ, теренскиот дел од вежбата ќе се одржи утре во велешкото село Сујаклари, поради што ја известуваат јавноста и локалното население дека не станува збор за реална ситуација и појава на болест, туку за активности поврзани со симулациската вежба.

-Преку вежбата, по однапред утврдено сценарио и доделување на улоги на учесниците, ќе се реализираат активности кои треба да се преземат во случај на појава на болеста чума кај мали преживари, со цел тестирање на системот и подготвеноста на АХВ соодветно да постапи во случај на појава на оваа болест, велат од АХВ.

Вежбата има за цел и унапредување на регионалната соработка и комуникација на институциите и ветеринарните служби при појава на болести кај животните кои се предмет на плановите за итни мерки.

На симулациската вежба ќе учествуваат и претставници од Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје и експерти од Република Србија и Европската унија.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close