fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Синот на ексградоначалникот Џемал Ќамили од ДУИ е лицето по кое се трага, а пукаше со пиштол и пушка, објави Скопје 1

Лицето кое пукаше во воздух, прво со пиштол, па со автоматска пушка е Абдула Ќамили, син на поранешниот градоначалник на Општина Долнени, Џемал Ќамили од ДУИ.

Лицето кое пукаше во воздух, прво со пиштол, па со автоматска пушка е Абдула Ќамили, син на поранешниот градоначалник на Општина Долнени, Џемал Ќамили од ДУИ.  Ова е неофицијална информација, а истото може да се заклучи и ако се споредат иницијалите испратени од Министерството за внатрешни работи. Абдула Ќерими, кој пука на снимката, не бил пронајден во неговиот дом и по него се трага. Неговиот татко, ексградоначалникот Џемаил е уапсен.

Оваа акција доаѓа откако протече снимка од Абдула Ќерими, како пука во воздух. Непознато е дали тој ја споделил или негови блиски. Бидејќи сомневањата се дека снимката е направена во дворот на ексградоначалникот, одземен е уред поврзан со видео надзорот во нивниот дом за да се утвдат деталите, објави Скопје 1.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close