fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

„Синпекс“ Битола во црвена боја на новиот бренд „ЕМТОП“!

Од компанијата демантираат дека станува збор за продавање на „Синпекс“ , и објаснуваат дека новиот изглед на продажниот објект е по повод најновиот член на семејството - брендот „ЕМТОП“- со што во својот продажен објект нудат врвен квалитет на алати по исклучително прифатливи цени.

Битолски „Синпекс“ во својата палета на производи го приклучи новиот бренд „ЕМТОП“ и тоа е причината што објектот на овој наш битолски гигант осамна прекриен во црвена боја.

Новиот бренд „ЕМТОП“, кој нуди цел опсег на  алати: рачни , батериски и електрични како и додатоци, веќе го привлече вниманието на јавноста, особено на фармерите кои по традицијата се клиенти со доверба на „Синпекс“ Битола.

Токму, приклучувањето на  новиот бренд „ЕМТОП“ во семејството на останатите светски брендови на „Синпекс“  денеска  беше тема за дилема во битолската јавност дали компанијата се продаде или се ребрендира.

Од компанијата демантираат дека станува збор за продавање на „Синпекс“ , и објаснуваат дека новиот изглед на продажниот објект е по повод  најновиот член на семејството – брендот „ЕМТОП“- со што во својот продажен објект нудат  врвен квалитет на алати по исклучително прифатливи цени.

„ ‘Синпекс’ постои веќе 34 години на пазарот и застапуваме преку 20 врвни светски брендови. Не се откажуваме, напротив цврсто чекориме кон повисоки цели. Производите на ‘ЕМТОП’ веќе се користат и брендот е препознаен како ЕМ ТОП КВАЛИТЕТ – ЕМ ТОП ЦЕНА. Нашите сервисни екипи како и останатите вработени веќе се големи фанови и корисници на алатите од овој бренд. А има и зошто. Затоа Ве очекуваме да се уверите во квалитетот“, објаснуваат од „Синпекс“ Битола.

Што се однесува до новиот бренд, од „Синпекс“ додаваат дека „ЕМТОП“ е посветен на креирање најисплатлив и целосен опсег на алати.

„Фокусирани сме на создавање на алат со врвен квалитет, но по најконкурентни цени. Затоа нудиме три годишна гаранција на целата палета производи.“

Големото отворање на продажниот салон на „ЕМТОП“ е најавено за петок и сабота, односно 15 и 16 март од 10 до 16 и 30 часот во објектот на „Синпекс“ Битола на Краварски пат.

„Придружете ни се на патување до откривање и искусете го беспрекорниот спој на квалитет и удобност со ‘ЕМТОП’, велат од „Синпекс“ Битола.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close