fbpx
ВестиМакедонија

Сиромашните уште посиромашни, богатите се богателе

Зголемана нееднаквоста за време на пандемијата

Отпуштање, кратење на бонуси и додатоци и намален извоз. 2020 та црна година за мекдонската економија со пад од 15 проценти во третиот квартал и пораст на невработеноста за 3 проценти.  Јазот меѓу богатите и сримашните се зголемил говорат заклучоците на Здружението за истражување и анализи за миантата година.  Фирмите преживеале, но затоа примиле 8 милјарди денари државна инекција. Најмногу средства се слеале во скопските фирми. Текстилците трети, први со најмногу примена помош трговците на мало кај кои се трошеа државните ваучери за македонски производи. Владата делела пари, но и потфрлила со мерката за минимална плата за најпогодените фирми, причина плус за зголемната стапка на сиромаштија.

Владата доби критики, но и препораки од невладината ЗМАИ како да ги креира следните мерки. Доколку владата сака економски да се бори со последиците од пандемијата мора да внимава со мерките парите да завршат кај работниците, а не кај газдите.  Од опозицијата, пак, добија критика, но и  апел за заедничко планирање на помоштта во економијата.

Ако не им се допаѓаат нашите мерки нека предложат нови реагираше министерот за економија Кресник Бектеши до опозицијата и сите политички партии. Целтта е да се одблокира  собранието за фирмите и граѓаните да ги добијат средствата од петиот сет мерки.

ВМРО – ДПМНЕ ќе ги гласа економските измени ако власта ја реши Шаховската „Мат“ позиција заради кочењето со амандмани на други закони, одново потврди пратеникот Муцунски. Спикерот Талат Џафери седницата ја закажа за 23 овој месец со очекување дека Алијанса и Алтернатива ќе попуштат пред своите барања за закон За Државјанство.https://telma.com.mk/2021/03/17/%D1%81%D0%B8%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%B0%D1%88%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D1%83%D1%88%D1%82%D0%B5-%D0%BF%D0%BE%D1%81%D0%B8%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%B0%D1%88%D0%BD%D0%B8-%D0%B1%D0%BE%D0%B3%D0%B0%D1%82%D0%B8/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close