вестиМакедонијаТоп вести

Сиромашнa годинa за пчеларите во Кичево

Пчеларите од општина Кичево не се задоволни и истакнуваат дека по подолг период немале посакувани приноси, по пчелно семејство, за разлика од претходно кога константно бележеа поголеми приноси.

Според Коста Галиманоски, претседател на здружение на земјоделци “Виножито” од Кичево, во Кичево моментално има околу 250 пчелари, а цената за тегла мед се движи од 450 до 600 денари.

– За пчеларите од нашиот регион, сезонава приносите на мед не се солидни, и се далеку од количествата што ги добивавме претходната година Од сознаниата што ги добивам од нашите пчелари, годинава приносите на мед по пчелно семејство се движат од шест до 10 килограми, што е далеку помалку споредено со претходните години кога приносите на мед се движеа и до 12 килограми од пчелно семејство, вели Галиманоски.

Главниот проблем за сѐ послабите приноси на мед од година до година е сѐ поголемата застапеност на хибридни култури на земјоделските површини, кои воопшто не придонесуваат за поголеми приноси по пчелно семејство. Не треба, според Галиманоски, да се занемари ниту проблемот што го предизвика иселувањето од селата во градот , каде што има сѐ помалку растенија што цветаат, што е предуслов за поголеми количества мед..

Галиманоски објасни дека годинава во кичевскиот регион поголеми приноси има во северниот регион на нашата општина поради поголемата свежина во тој дел.

Факт е дека годинава приносите се помали од пчелно семејство, но пак од друга страна квалитетот е на највисоко ниво, вели пчеларот Џемаил Исени од село Гарани кичевско./МИА

Слични написи

Back to top button
Close