вести

Системот капка по капка поблиску до земјоделците

Сушата, која меѓу другото е резултат на глобалните климатски промени, се повеќе ја актуелизира потребата од преземање на алтернативни решенија, кога се во прашање земјоделските култури и нивното наводнување.

sistemot kapka po kapka poblisku do zemjodelcite

Во светот одамна се користат разновидни извори за задоволување на потребите од вода, меѓу другото и системот капка по капка, кој се покажа како мошне ефикасен и во најсушните предели. Овој систем веќе се практикува и кај нас, а за негова поголема застапеност, деновиве се спроведува акција за запознавање на земјоделците со предностите што ги нуди овој начин на наводнување.

На средбите во селата од истокот, земјоделците се информираат за комплетните активности, кои треба да се преземат, доколку сакаат да се примени овој систем на наводнување.

Засега интересот не бил на потребното ниво, но се очекува со новата мерка да се зголеми, велат во агенцијата за земјоделско производство.

Инаку, лани во овој регион, беше презентиран проектот систем капка по капка при производството на пченка. Интерес да го применат пројавиле само десетина земјоделци. Слабиот интерес се објаснува со проблемите кои ги имале земјоделците околу обезбедувањто на потребната докуметација за аплицирање.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close