Русија го забрани увозот на јаболка од БиХ

(Oвој напис е објавен на: January 22, 2018)

jabolka

Причина за воведување на оваа мерка, според руската страна, е што компанија од Бјелина препакувала јаболка со потекло од Полска и ги извезувала.

Руската Федерација од денеска повторно воведе забрана за увоз на јаболка од Босна и Херцеговина.

Причина за воведување на оваа мерка, според руската страна, е што компанија од Бјелина препакувала јаболка со потекло од Полска и ги извезувала за Русија.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Српска смета дека пропустот при извозот на јаболка од БиХ за Русија предизвикал голема штета за домашните производители. Ресорниот министер Стево Мирјаниќ бара од надлежните инспекциски и други органи да покренат постапка и да ги санкционираат одговорните во овој случај.

Во соопштение, Министерството потсетува дека минатата година Фитосанитарната инспекција на Република Српска издала околу 1.200 фитосанитарни сертификати за испорака на овошје и зеленчук, кои се извезени на рускиот пазар.

 


 

infoplus.mk