fbpx
ВестиСоветиТоп вести

ШИТАКЕ (Lentinula edodes)

sitake

  • Ги намалува мастите во крвта;
  • Има антиканцерогено дејство;
  • Го зголемува имунитетот.
    • Еликсир на животот;
    • Вкусни за јадење, добри за вашето задравје

За производството на шитаке не се користени хемиски заштитни средства

Во Јапонија Шитаке се препишува во конвенционалните терапии против:

  • Рак,
  • Сида,
  • Дијабетес…

Шитаке – Shiitake (Lentinula edodes) има големо медицинско значење и голема нутритивна вредност. На далечниот исток е наречена еликсир на животот и е дел од секојдневната исхрана, но веќе и во останатите делови од светот.

Ги содржи следните витамини А, B2, B12, C, D2 и Niein, но и сите 8 есенцијални киселини. Медицинскиот ефект рефлектиран во антивирусните и антиканцерогените ефекти најмногу се должи на полисахаридот „Lentinan”. Лентинанот иницира создавање на Interferon (супстанции со антивирусно дејство) како и активација на „Т“ Killer и „Т“ Helper клетките на штитната жлезда.

Антиканцерогено дејство: Националниот центар за рак во Токио укажува со секојдневна употреба на шитаке, туморот укажува стапка на „кочење“ од 80,7%, со потполно повлекување на туморот во 6 од 10 случаи. Шитакето делува преку активирање на цела низа имунолошки реакции во организмот. Таа делува не само на примарните тумори туку и го стопира развојот на метастазите. Хемотерапијата и радиотерапијата во комбинација со шитаке го подобрува третманот, се зголемува физичката издржливост, се подобрува апетитот и општата состојба на организмот.

Антивирусно дејство: Користењето шитаке пред одредена вирусна инфекција значи моќна заштита, а кога веќе настанала инфекција заздравувањето е многу побрзо и поефикасно. Делува на вирусите на ифлуенца (грип), херпес, хепатитис од сите типови, HIV-вирусот итн. Особено ја подобрува клиничката слика на луѓето болни од хроничен хепатитис B, но зајакнувањето на имунолошкиот систем дава резултати и во борбата со вирусите на хепатитис и D. Посебно е значајна состојката од мицелиумот на шитаке (LEM), кој не само што придонесува за уништување на HIV-вирусот, ја обновува и коскената срцевина.

Антилипидно дејство: Официјалните испитувања покажале дека со дневна конзумација на 6-10 гр. Суво шитаке за 10 дена го намалува нивото на (LDL) холестерол во крвта од 10-15% и воопшто вкупните липопротеини во серумот (како резултат на делувањето на аминокиселината ERITADENINE-состојка на шитакето). Шитакето продуцира и „Fat absorbing” компоненти кои помагаат во намалувањето на телеснета тежина, го намалуваат високиот крвен притисок, позитивно делуваат на потенцијата, го зголемуваат имунитетот, ја зголемува еластичноста на крвните садови, ја спречува агрегацијата на крвните клетки (тромбоза) и се зголемува снабдувањето на мозокот и срцето со крв.

Се препорачува и при ангина пекторис, гангрена, камен во жолчката, гихт, бубрежни заболувања.

  • Испитувањата покажуваат дека при конзумација на мрсна храна во комбинација со шитаке, холестеролот во крвта опаднал до неверојатни 18%.

 

Начин на употреба: Наједноставно е да се користи суво мелено Шитаке како додаток во секоја храна на пр.: супи, готвена храна, скара, разни сосови, чаеви итн.  се става како зачин пред да биде готова храната.

Исто така може да се употребува како мешавина со полукристализиран мед: 25 гр. мелено Шитаке во 1 кг. мед Ü се зема по 1 до 2 супени лажици на ден.

Дозирање: 2 – 6 гр. суво мелено Шитаке на ден (1 кафено лажиче 1,5-2 гр.).

Напомена: Првите 5 дена се зема по 2 гр. а потоа се зголемува дозата, затоа што може да дојде до нагло чистење на отровите од организмот.

 

Петар Трајковски Советник во АПРЗ

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close