fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Сончево и топло со температура до 28 степени, попладне дожд на планините

Утринската температура ќе се движи од 5 до 11 степени, а дневната од 19 до 28 степени.

Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од југозападен, во источните од југоисточен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планиските подрачја, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 5 до 11 степени, а дневната од 19 до 28 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала облачност. Утринската температура ќе достигне до 8 степени, а дневната до 26 степени.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close