Сите легенди за селото Кучково-Лек за очи, за неплодност, за несреќа во љубовта
Селото е оддалечно само петнаесетина километри од центарот на Скопје, а е познато по Крстот, одлично место за излет со прекрасен поглед на градот, но и военото гравче кое се служи секоја година на Денот на Крстот заедно со многу стари селски игри, скокање во вреќа, тегнење на јаже и фрлање на камен, и секако, зурли, тапани и македонски ора.
Во прегратките на неколку високи ридови, меѓу зелени ливади и бујни шуми, ледена изворска вода и стар манастир е вгнездено малото село Кучково кои крие големи легенди и тајни, за лековитата вода, за која, мештаните велат, слепи прогледале, и за каменот на девојките, каде немажените доаѓаат за да имаат среќа во љубовта.
Легендите, раскажувани со децении наназад, кои јас ги слушнав од мојот дедо, Драган, стар Кучкоец, раскажуваат за Крале Марко и за Девојачкиот камен. Шетајќи ме низ старото скопско село тој ми раскажуваше за деството поминато во него, сеќавајќи се на убавите денови, за легендите, но и приказната како тоа го добило необичното име, Кучково.
Денеска селото брои едвај триесетина жители, старото училеште е нем сведок на некогашниот џагор, но животот полека се враќа во него со многуте викендаши, кои тука наоѓаат мир и чист воздух. Селото е оддалечно само петнаесетина километри од центарот на Скопје, а е познато по Крстот, одлично место за излет со прекрасен поглед на градот, но и военото гравче кое се служи секоја година на Денот на Крстот заедно со многу стари селски игри, скокање во вреќа, тегнење на јаже и фрлање на камен, и секако, зурли, тапани и македонски ора.
На сред село е старата чешма, од кое и лете и зиме блика ледена вода, а дедо ми вели од оваа вода гравот е највкусен. Жителите на околните места доаѓаат секојдневно да наполнат шишиња од оваа чиста изворска вода. А самата чешма е стара повеќе од пет децении, изградена од селанецот Велко, како аманет за сите идни генерации.
Лековита вода за очи
Постои една стара изрека која вели „Лекот може да е без пари, ама треба да го знаеш“, насочувајќи дека не секогаш лекот е во медицината и апчињата, туку и во моќта на природата и вербата. Па, во ова мало село се крие една голема легенда, лековита вода која извира од дупката која Крале Марко ја направил со својот коњ Шарец.
Според зборовите на мојот стар дедо, горд на своето кучковско потекло, Крале Марко со својот коњ поминал низ селото и оставил трага, коњско стопало. Тоа место е познато како Коњска нога, и од него извира лековита вода.
Мешаните тој извор го викаат Миочи, од Миј очи, што означува дека оваа вода е за оние кои патат од очите. Вели кој немал јасен вид, се замивал со водата и му помага. Тој како дете слушал приказни дека слепи прогледале откако се измиле со светата и лековита вода.Денеска местото е средено, со маси и клупи, има место да се запали свеќа за здравје, а многу посетители остваат парче облека и железни парички во симбол за здравје и бериќет во домот.
Повеќе на оваа тема на следниот линк https://www.crnobelo.com/zivot/patuvanje/85842-lek-za-ochi-za-neplodnost-za-nesrekja-vo-ljubovta-site-legendi-za-seloto-kuchkovo