fbpx
ВестиТоп вести

Цените на енергентите ги поскапеа земјоделските производи

Трошоците за производство на земјоделски продукти се зголемиле, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика. Притоа извештајот покажува дека најголем пораст кај тековните трошоци има во средствата наменети за нафтени деривати.
– Во мај 2019 година, во споредба со мај 2018 година, индексот на цените на инпут 1 или тековно потрошени средства во земјоделството изнесува 102,4 – се наведува во соопштението.

Во табелата изработена од ДЗС може да се забележи дека најголем пораст има кај средствата наменети за енергијата, горивата и мазивата, чија потрошувачка пораснала за 6,5 проценти за една година.
Земјоделците и претходно алармираа дека трошоците за нафта и нафтени деривати значително се одразуваат врз производството, односно врз трошоците што се прават во земјоделското производство и дека истото тоа се одразува и врз цените на производите.

– Во принцип, нафтата опфаќа голем дел од трошоците во земјоделството. Тие претставуваат значајна ставка во производството на земјоделски продукти, секако зависи за кој производ станува збор, но начелно нафтата има голем удел. Во земјоделството нафтата не е потребна само за орање туку за многу повеќе активности. На пример една нива во годината мора да се преора дури трипати ако се одгледуваат градинарски производи. Поради ова нафтата значително придонесува кон пораст на цената на крајниот производ – објаснува Данаил Паланков, земјоделец од струмичкото село Муртино.

Поради ова Паланков посочи дека најавите за доделување зелена нафта за земјоделците беа прифатени со воодушевување од земјоделците, но веќе почнуваат да губат надеж дека таа ќе стигне до нив. Меѓу другото, тој додаде дека земјоделството масовно се напушта, бидејќи е неисплатливо поради превисоките производствени и прениските откупни цени,објавува порталот  НоваМакедонија.

Извор:novamakedonija.com.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close