fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Сите можеме да се бориме против климатските промени, потребни се промени на животните навики

Треба постојано да се врши пошумување на оголените терени, но и да се спречи појава на пожари на отворено при топлотни бранови

Секој поединец може да придонесе во борбата против климатските промени и ублажувањето на нивните штетни ефекти.

Метеорологот и експерт по климатологија, д-р Пеце Ристевски објаснува дека треба да се фокусираме на јавниот транспорт, да корисиме јавен превоз, да одиме пеш или да практикуваме да возиме велосипед. Доколку сме принудени да патуваме со автомобил, да биде искористен капацитетот, и да се избегнува во едно возило да се вози само еден човек. Дополнително, доколку имаме современ и модерен јавен превоз, тоа би було плус за општеството. Ристевски вели дека целта е да се намали емисијата на јаглерод диоксид и други штетни гасови во воздухот. Тој советува во домот рационално да се користат ресурсите, вклучително и електричната енергија, односно да бидат исклучени уредите кои не ги користиме.

„Треба постојано да се врши пошумување на оголените терени, но и да се спречи појава на пожари на отворено при топлотни бранови, а доколку има такви пожари, треба да постои спремност за нивно гаснење. Начинот на загревање на домовите треба да се смени, со тоа што наместо огревно дрво, ќе преминеме на парно греење. Важно е градовите да се гасифицираат, и гасот да стигне до домовите“, вели Ристевски.

Тој наведува дека и државите треба да преземат мерки со тоа што ќе го користат хидро потенцијалот, сонцето и ветерот за добивање на енергија.

„Кога ќе се градат нови згради и објекти, тие треба да бидат енергетски ефикасни, со цел да не се губи енергијата“, рече климатологот.

Тој додава дека дури и за развиените земји, климатските промени се голем предизвик, а европските држави зависат од рускиот гас. Поединецот може да даде свој придонес во заштита  на околината, но клучно е и државите да се борат со климатските промени. Инаку, климатските промени водат кон екстремно високи температури, чести природни непогоди, поплави, пожари.https://faktor.mk/site-mozeme-da-se-borime-protiv-klimatskite-promeni-potrebni-se-nekolku-promeni-na-zivotnite-naviki

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close