fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Скопјанец купувал пченка преку оглас на Фејсбук: Платил 1.000 евра, но пченка не добил

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Скопјанец откако видел оглас на Фејсбук се договорил да купи пченка во вредност од 1.000 евра, но кога требало да ја подигне на лице место таа не му била дадена затоа што наводно не ја платил, по што тој пријавил во полциија.

– Вчера во 20:45 во СВР Куманово, 33-годишен маж од Скопје пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 1.000 евра. Според пријавеното, лицето преку социјална мрежа објавило оглас за продажба на пченка, по што откако се договориле за сумата и местото на кое ќе му биде донесена пченката, пријавувачот ја исплатил договорената сума на лице испратено од пријавениот, но кога пристигнал на местото да си ја земе пченката, друго лице не му ја дало, бидејќи наводно не му било платено, соопшти СВР Куманово.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close