ВестиМакедонија

Скопјани „лидери“ во прекинувањето на брачните заедници

2020 e година со малку бракови и многу разводи

 

Расте бројот на разводи, а опаѓа бројот на склучени бракови.

Во време на пандемија, во третото тромесечје од годинава Македонија бележи раст на бројот на разводи. Во ова тримесечје се добиени 357 извештаи за разведени бракови што претставува зголемување од 8.5  отсто во споредба со истото тримесечје лани, објави  Државниот завод за статистика. Еден квартал претходно имало 181 развод, што значи дека бројот на разводи расте. Скопје е лидер по бројот на разведени двојки. Регистрирани се 76 разводи, а во внатрешноста бројките се многу помали.

Психологот Атанас Ивановски вели дека на оваа тема може многу да се дискутира, но според него причините кои водат кон развод се личната неподготвеност за брак и стапувањето во брак за да се задоволат некои општествени критериуми.

„Тука е пред сѐ личната подготвеност на поединецот да влезе во една брачна заедница, која е непозната, нова, и стапувањето во брак за да се задоволат некои авторитети како родители и слично, затоа што бракот во средината се смета како вредност. Со стапувањето во брак сакаат да добијат некој социјален статус, да бидат препознаени во својата средина како личност која почитува некоја вредност“, објаснува Ивановски.

Сепак, брачните заедници се прекинуваат и поради нетрпеливост, неверства, финансиски проблеми и слично.

Во наведениот период, Гостивар има 36, Кавадарци 17, Куманово 15, Охрид 31, Прилеп 19, Струмица 18, а Тетово 22 разводи. Во Струга имало 9, во Ресен 6, во Неготино 9, во Крушево 5, Кочани 3 и Јегуновце 8 разводи. Желино има 9, Демир Капија 2, а Дојран, Дебарца, Богданци, Берово, Валандово, Арачиново, Чешиново-Обелеево, Чучер – Сандево и Делчево и други помали општини имале само по 1 развод. Разводи немало во Штип, Велес, Вевчани, Свети Николе, Кратово, Крива Паланка и други населени места во Македонија.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 12.9 отсто во споредба со истиот период од 2019 година и изнесува 3.768 бракови.

извор: https://faktor.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close