fbpx
Вести

Компанијата „Скопски легури“ и АПРЗ успешно спроведоа експерименти во 3 региони во Македонија

За проучување и утврдување на позитивниот ефект на подобрувач на почвата Тераграмин, компанијата Скопски легури заедно со Агенција за поттикнување на развојот во земјоделството (АПРЗ) во периодот 2016 – 2017 година успешно спроведе експерименти во 3 региони во Македонија на 5 различни земјоделски култури.

Резултатите ги изненадија дури и најискусните агрономи – на пример, во кочанско се постигна зголемување на принос на ориз до 100% или 1000 кг на хектар. Во 90-тите за ваков принос на земјоделец во Кочанско  му била доделена награда.

Соработката со АПРЗ беше на врвно професионално ниво и особено би се заблагодарил на г. Сирета и локалните агрономи во општините, во кои беа спроведени опитите, вели Корнијенко.

Тој истакна дека компанијата ќе продолжи со проширување на искористување на Гранулатот и Тераграминот во градежната индустрија и земјоделството, а исто така ќе го споделуваат искуството за зачувување на околината и заштита на животната средина,  непосредно со изнаоѓање на примена на нус производи и со други заинтересирани компании.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close