fbpx
Вести

Тутунарите ги склучуваат договорите за откуп

tutun

Тутунарите ги подигнаа евидентните листови во кои ќе ги најават површините за новото производство за оваа година. До крајниот рок кои истече минатиот месец на 31-ти март, бројот на пријавите е речиси ист како и за ланската реколта. Тутунопроизводителите побарале 23.400 евидентни листови, а колку од нив ќе склучат договори со монополите ќе се знае до крајот на април.

Монополите во трка по договори со тутунарите. Електронското водење на евиденцијата за секоја парцела го намали бројот на двојни и тројни договори што тутунопроизводителите ги склучуваа со повеќе претпријатија, но и ги натера откупувачите да побрзаат со потпишувањето на договорите и пред завршувањето на законскиот рок до 10-ти април.

Тутунарите до крајот на март го пријавуваа новото производство за оваа година во подрачните едниници на министерството пред да потпишат договор со откупувачите.

Годинава тутунарите пројавиле интерес за произвотство на тутун на приближно исти површини како и лани кога беа подигнати скоро 23.400 евидентни листови.

Колкаво ќе биде производството ќе зависи и од временските услови кои во моментов не се на страната на тутунарите, односно големите промени на температурите кои може да предизвикаат штети кај расадот.


 

МРТ

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close